Британецот, Ландо Норис ќе стартува од пол-позицијата на шпанското Гранд при.

Возачот на Мекларен оствари најбрзо време во денешните квалификации возени на патеката крај Барселона. Веднаш зад него од втората позиција трката ќе ја почне актуелниот шампион Макс Верстапен одРед Бул

Во вториот стартен ред ќе бидат двајцата возачи на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел.

Лидер во Генералниот поредок е Макс Верстапен со 169 бодови, 31 повеќе од Шарл Леклер од Ферари.

Трката за Големата на Шпанија ќе се вози утре, а стартот е од 15 часот.