Едно одлично полувреме (првото), не беше доволно младите македонски ракометарки да ја остварат втората победа ба Светското првенство до 20 години, што се одржува во Скопје.
Младинската женска ракометна репрезентација на Македонија во второто коло од групната фаза на Мундијалот, загуби од Исланд со 29:17.
Уште од почетокот Македонките тргнаа одлично и во 7-тата минута поведоа со 3:0. Иако во неколку наврати Исланд се обидуваше да не стигне нашата репрезентација не дозволи и само ја зголемуваше предноста. Па во 16-тата минута успеаја да зголемат на +6 (8:2). Исланѓанките со серија 4-0 успеаја да намалат на 8:6 па во 26-тата минута да израмнат на 10:10. На полувреме тие заминаа со 11:11.
Во втората половина Исланд влезе мотивирано и со серија 4-0 успеа да поведе со 15:11. Тие во 46-тата минута ја зголемија предноста на +8 (21:13). Нашата репрезентација се обиде да ја намали негативата но, Исланд не дозволи. Исланѓанките во 25-тата минута поведоа со максимални +12 (27:15). Крајниот резултат беше 29:17.
Најефикасна во македонската репрезентација беше Емилијана Ризоска со седум гола, додека Ива Младеновска постигна четири.
Во последното коло, Македонија во дуелот со Ангола ќе решава за второто место на табелата во Х групата.
Двете прво пласирани репрезентација од секоја група ќе обезбеди пласман во главната фаза, во која ќе бидат формирани четири нови групи.
Дуелот Македонија – Ангола ќе се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ во терминот од 20.15 часот.
Ивона Кимовска