Машката младинска репрезентација на Македонија, втор пат е поразена од врсниците од Црна Гора. И во вториот контролен натпревар македонските младинци загубија од Црногорците со 73:58.
Слично како и на првиот натпревар (вчера), домашната Црна Гора имаше водство во текот на целиот натпревар. По првиот период предноста на Црногорците изнесуваше пет поени разлика (20:15), а на полувремето три (37:34).
Слично се одвиваа настаните и во третата четвртина во која црвено-жолтите дојдоа на поен негатива, но не успеаја да поведат. По три одиграни четвртини Црна Гора сеуште водеше, со резултат (51:46).
Следуваа и најслабите пет минути од оваа „контрола“. Во периодот од 30 до 35.минута, Црногорците направија серија (14-4), по која поведоа со недостижни +15 (65:50). Таа предност домаќинот ја одржаа до крајот на натпреварот (73:58).
Тома Стојаноски со 15 поени беше прв стрелец во нашата селекција, во која двоцифрени беа и Теодор Симиќ и Андреј Шошкиќ со по 12.
По овој двомеч репрезентацијата се враќаат во Скопје каде ќе ги продолжат подготовките за настап на младинскиот Евробаскет во Полска.