репрезентацијата на Австрија забележа важна победа во трката за местата што водат во нокаут фазата на Европскиот фудбалски шампионат.

Во натпреварот од 2.коло на Д групата, Австријците ја совладаа Полска со 3-1, која сега е подалеку од позициите што носат осминафинале.

Дуелот започна со рано водство на Австријците кои со голот на Траунер во деветтата минута поведоа со 1-0. Полјаците се вратија во игра во 30-тата кога Пјатек израмни на 1-1.

Во вториот дел на полската селекција не им помогна ниту реконвалесцентот Левандовски. Напротив. Австријците знаеја како да се справат со напаѓачот на Барселона, а згора на тоа и да бидат поопасни.

Таквата игра им донесе резултат, па со погодоците на Баумгартнер (66.минута) и Арнаутовиќ (78), Австрија славеше со 3-1.

Полска остана без бодови, а сега Австрија има три како и Франција и Холандија кои вечерва (21 часот) го играат дербито на вечерта.