Последниот натпревар од денешната програма на ЕУРО 2024-та заврши без победник. Дуелот од 2.коло во „A“ групата, одигран во Келн, меѓу Шкотска и Швајцарија заврши 1-1.
Во 13-тата минута Шкотите поведоа со 1-0. По ударот на Мек Томинеј топката на патот го зафати Фабијан Шар и го измами Сабицер.
Не им требаше долго на Швајцарците да стигнат до израмнување. Во 26.минута, со прекарен гол Шаќири израмни на 1-1.
Отворено се играше на двете страни и во продолжението. Создадоа по неколку шанси двете репрезентации, но изостана ре4ализацијата.
Така двата тима освоија по еден бод, па во последното коло ќе се решава кој ќе и се приклучи на Германија во осминафиналето. До него поблиску се Швајцарците кои сега имаат 4 бодови, два помалку од водечката Германија, а зад нив се Шкотска 1 и Унгарија 0.
Во последното коло, за првото место ќе се борат Германија и Швајцарија, а Унгарија и Шкотска ќе играат за третата позиција, која евентуално би можела да ги одведе во осминафиналето. Натпреварените се закажани за недела (23 јуни).