Фудбалерите на Романија се радуваа на победа на отворањето на натпреварите во „Е“ групата на Европскиот шампионат во Германија.
Романците кои се едни од трите најслабо рангирани селекции на ЕУРО 2024-та, приредија големо изненадување совладувајќи ја Украина со 3-0.
По голема грешка на украинскиот голман Лунин, поклонот го искористи и Николас Станчиу во 29-тата минута.
Со водство од 1-0 за Романците заврши и првиот дел.
Во вториот уште два гола во украинската мрежа.
Набрзина, за само четири минути Романците веќе водеа со 3-0. За тоа се погрижија Марин (53) и Драгсу (57.минута).
Со трите освоени бодови Романија прави голем исчекор кон едно од двете места што водат во осминафиналето.
Тие во следното коло ќе играат против фаворитот во оваа група Белгија која попладнево се среќава со Словачка, која ќе биде последен противник на Романците во групната фаза.