Таквондистката Милјана Релиќ е вториот претставник на Македонија на Олимписките игри во Париз летово. Ова пред малку го потврдија од Макеоднскиот Олимписки Комитет (МОК).
Мила ја продожува традицијата на макеоднскто таеквондо, откако Дејан Георгиевски на претходната олимпијада ја израдува макеоднската јавност со сребрениот медал.
Претходно беше потврдено, дека атлетичарот Дарио Ивановски ќе настапува на маратонската олимписка трка.
„Златниот медал на Мила од Европското клубско првенство поткрепено со одличниот рејтинг и резултати од последните натпреварувања, резултираа со покана од ИОК за настап на Мила на Олимписките игри во Париз оваа година.
Голема заслуга за ова има секако нејзиниот тренер Александар како и континуираната успешна работа на нашата Таеквондо федерација и пред се на нашиот сребрен Дејан Георгиевски и неговиот тренер Борче Костовски кои го трасираа патот на таеквондо спортот во Македонија.
Од Мила очекуваме одличен настап и посакуваме уште една радост од нашите таеквондисти“,
се вели во соопштението на МОК.