Кошаркарската Евролига ги објави имињата на екипите кои следната сезона ќе играат во најквалитетното европско клупско натпреварижување. На списокот се и српските екипи Црвена звезда и Партизан.
По освојувањето на АБА лигата, Евролигата им беше загарантирана на кошаркарите на Црвена звезда. Партизан пак мораше да бара влез преку специјална покана. Има некои шпекулации дека двете екипи платиле за место меѓу најдобрите тимови во Европа. Сега дилемите се разрешени, лутите белградски ривали, повторно ќе играат елитна кошарка.
Повторно ќе учествуваат 18 екипи, а единствена промена во однос на претходната сезона е влезот на Париз кој ја замени Валенсија. Како што се шпекулираше, шпанскиот тим ќе се пресели во Еврокупот.
СПИСОК НА ЕКИПИ ВО ЕВРОЛИГАТА ЗА СЛЕДНАТА СЕЗОНА 2023/2024
АлбаБерлин, Анадолу Ефес, Монако, Басконија, Црвена звезда, Армани Милано, Барселона, Баерн Минхен, Фенербахче, Асвел, Макаби Тел Авив, Олимпијакос, Панатинаикос, Париз, Партизан, Реал Мадрид, Виртус и Жалгирис .