Иако пред почетокот на шампионатот Словачка и Романија важеа за аутсајдери во „Е“ групата, сепак двете селекции стартуваа со победи на ЕУРО 2024-та.
Откако Романија ја изненади Украина, поголемо изненадуван натпревари Словачка која ја совлада Белгија со 1-0. Белгијците играа, создадоа најмалку десет шанси, двапати ја затресоа противничката мрежа, но Словачка со еден гол беше онаа што се радуваше.
Белгија влезе како фаворит, а на самиот почеток Ромелу Лукаку имаше две убави шанси за погодок, но не успеа. Затоа веќе во седмата минута следуваше казната. По голема грешка на Доку, стрелец на голот за водство на Словачка од 1-0 беше
Студениот туш за фаворизираните Белгијци дојде во седмата минута кога Иван Шранц и донесе предност на Словачка од 1-0. Јалови беа обидите на Белгија, па со тој резултат се замина на полувреме.
Во вториот дел Белгијците тргаа со сите сили да израмнат. Во 59-тата минута Ромалу Лукаку постигна гол, но по прегледувањето на ВАР снимката беше поништен.
И во продолжението Белгија имаше повеќе од играта, напаѓаше, Лукаку постигна уште еден гол во 88-та минута. Но и овој беше поништен, бидејќи на почетокот на акцијата Опенда играше со рака.
Иако заслужи барем бод, сепак Белгија остана на нула, а Словачка заслужено се радуваше.
Во следното коло Белгија ќе игра против Романија која попладнево беше убедлива против Украина која за противник ќе ја има Словачка. Натпреварите ќе се играат на 21 и 22 јуни.