Во првиот натпревар од групата „Ц“ на Европското првенство во Штутгарт немаше победник, Данска и Словенија ремизираа 1:1 (1:0).
Словенците пријатно изненадија со настапот, особено во вториот дел и се чини дека сега со право им се зголемуваат шансите за пласман во вториот круг.
Милиметри ја делеа Словенија од голот, Шешко се намести, шутираше од околу 20 метри, но примаши.
Минута подоцна, во 17. минута, Данците поведоа. Винд со фантастична асистенција со пета, го пронајде Ериксен за водство од 1:0.
Словенците долго се трудеа да стигнат до израмнување. Тоа им успеа во 77-та минута. Јанжа шутираше, имаше голема среќа бидејќи топката го зафати Хјулманд и го смени правецот, доволно за да го измами Шмајхел за 1:1.
Следен предизвик за Словенија ќе биде Србија која вечерва игра против топ фаворитот Англија. Тој натпревар ќе се игра на 20 јуни, за кога е закажан и дуелот Данска – Англија.