Репрезентативците на Полска и на Холандија го отвораат третиот ден на Европското фудбалско првенство.

Холандија сакаат да ја прекине својата „клетва“ како вечни губитници, додека Поска сака да цели за подобар пласман на ова ЕУРО. Двете селекции имаат различна цел, различна визија, но иста цел.

ХОЛАНДИЈА

Холандија се соочи со проблеми пред ЕУРО кога двајца важни репрезентативци се повредија на подготовките. Тие репрезентативци беа Френки де Јонг и Теун Копмајнерс. Селекторот Куман мораше да направи „рокади“, па беа донесени соодветни замени.

Холандија низ последните години секогаш имала силен и цврст тим, но никогаш не издржувале до крај. Последна позначајна победа им е во 1988 година на ЕУРО и се после тоа се порази и разочарувања. Ова ЕУРО им е шанса да се докажат како фудбалска нација Холанѓаните, а Роналд Коман и како врвен тренер, а не само како добар играч.

ПОЛСКА

Полска пак секогаш имала високи очекувања од фудбалската јавност, но никогаш не ги оправдале. Нивната главна ѕвезда во последната декада Роберт Левандовски е познат како фудбалер кој знае да „потфрли“ кога е во прашање репрезентацијата.

Иако беа извлечени во навидум тешка група со Холандија, Франција и Австрија, Полјаците имаат за цел да се изборат за нокаут и тогаш да приредат изненадување. Иако Левандовски ќе го пропушти првиот дуел Полска има добри индивидуалци и можат да се надеваат на победа. Покрај Левандовски, главоболката на селекторот Михал Пробјеш, е и повредениот Камил Свидерски, како и отсуството на Аркадиуш Милик кој отпадна од списокот на играчи за ЕП.

Натпреварот се игра во 15 часот и е прв на програмата. Домаќин ќе биде „Фолкпарк стадуим” во Хамбург. Вториот натпревар од групата „Д“ ќе го одиграат Франција и Австрија.