Во Хамбург, пред почетокот на натпреварот Холандија и Полска, е спречен голем инцидент.
Имено локалната полиција спречила голем инцидент, застрелувајќи едно лице.
Засега не идентификуваниот насилник, вооружен со секира во раката и молотов коктел во ранецот, тргнал кон „фан“ зоната каде биле холандските навивачи.
Полицијата го забележала и веднаш реагирала. Еден од полицајците најпрво испукал куршум за предупредување. Откако напаѓачот не застанал, биле испукани неколку куршуми во него додека тој не паднал на земја.