Репрезентацијата на Англија главниот фаворит за трофејот со победа го почна својот настап на Европското првенство. На натпреварот од групата „Ц“ во Гелзенкирхен, Англичаните ја совладаа Србија со 1-0.
Актуелните европски вице-прваци, триумфот го најавија уште во 13-тата минута. Ѕвездата на мадридски Реал, Џуд Белингам, одлично го искористи нафрлувањето на Бакајоко Сака и ја заби топката со глава во мрежата на Србите.
По стартниот шок, Србите брзо се созедоа и се заканија преку Митровиќ кој биеше крај голот. Во финишот на првиот дел уште по една закана на обете страни, но без ефект, па резултатот остана 1-0.
Во вториот дел Англичаните им ја препуштија играта на противниците, кои немаа решение како да стигнат до израмнување. Малку фалеше „Гордиот Албион“ да стигне до вториот гол. Во 77-та минута по ударот на Хари Кејн, голманот Рајковиќ малку ја зафати топката, доволно да заврши во пречката од неговиот гол, а не мрежата.
Во 81.минута Душан Влаховиќ се обиде од далечина, но Пикфорд со прекрасна парада го спаси својот гол.
Потсетување дека во првиот натпревар од оваа група Словенија и Данска одиграа без победник 1-1.
Во следното 2.коло кое ќе се игра на 20 јуни Англија за противник ќе ја има Данска, а во „балканското дерби“ ќе играат Словенија и Србија.