Фудбалерите на Шпанија со убедлива победа го почнаа својот настап на Европскиот шампионат во Германија.
Во првиот натпревар од „Б“ групата на одигран во Берлин, Шпанците славеа над Хрватска со 3-0.
Целата работа „црвената фурија“ ја заврши уште во првиот дел во кој беа постигнати трите гола.
Уште од самиот почекот Шпанците беа поконкретни. Го имаа поседот, ја контролираа играта и полека потискаа кон голот на Ливаковиќ. Тоа донесе резултат во 29.минута кога по брзата контра Алваро Мората и донесе водство на Шпанија од 1-0.
Не чекаа долго шпанските навивачи и фудбалери да се израдуваат на вториот погодок. Веќе во 32-та минута Фабијан Руиз зголеми на 2-0. Фуриозната игра Шпанците ја крунисаа во финишот на првиот дел (45+2) кога Даниел Карбахал зголеми на 3-0.
Во второто полувреме Хрватите се обидоа во неколку наврати да го загрозат противничкиот гол. Имаа шанса за гол Хрватите, но не ја искористија.
Во 78-та минута Родри направи прекршок врз Бруно Петковиќ по кој беше досидена најстрога казна на „коцкестите“. Токму Петковиќ го изведе пеналот, но Унаи Симон го одбрани неговиот удар. Топката се одби до Перишиќ кој му овозмоќи втора шанса на Петковиќ. Иако овој постигна гол, по прегледувањето на ВАР снимката голот беше поништен.
На тој начин Шпанците ги прокнижија првите бодови во така-наречената „група на смртта“.
Во неа вечерва (21 часот), во Дортмунд, ќе играат актуелниот европски првак Италија и селекцијата на Албанија.