Од премиерата во Минхен, па се до финалето во Берлин, долг ќе биде патот на репрезентацијата која ќе го понесе приматот Европски шампион.

24-те репрезентации поделени во шест групи ќе да одиграат по три натпревари или вкупно 36 меча. Термините на одигрување на натпреварите се 15, 18 и 21 часот. Исклучок е 25 и 26 јуни кога ќе се играат по четири натпревари и тоа од последното коло во Ц и Д, односно Е и Ф групите. Тогаш натпреварите ќе се играат од 18 (2 натпревари од иста група) и 21 часот (од иста група)

Двете првопласирани екипи од секоја група обезбедуваат директен пласман во осминафиналната рунда. Од шесте репрезентации кои ќе завршат на третото место, само двете кои имаат најслаб „скор“ ќе го завршат настапот на првенството. Останатите четири ќе се минат во осминафиналето.

НОКАУТ ФАЗА

Калкулации и математики има многу, па дури и за третата позиција. Теоретски може да се случи повеќе од шест репрезентации да имаат ист број на бодови, па тогаш се применуваат посебните пропозиции за утврдување кои шест ќе одат во нокаут фазата.

Нејаснотии потоа нема. Шеснаесетте кои ќе останат по групната фаза ќе почнат да се „чистат“ од Дортмунд и Берлин. Така се до 14 јули за кога на „Олимпискиот стадион“ во Берлин е закажан, последниот 50-ти натпревар, односно големото финале.

ТАБЕЛИ/ГРУПИ | EURO 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА