Вниманието на светската, но пред се европската јавност, од утре па во наредните 30 дена ќе биде насечено кон Германија. Таму ќе се одржува 17-тото Европско фудбалско првенство.

24-те репрезентации поделени во шест групи се со свои амбиции и „математики“, но сите сигурно имаат желба да освојување на трофејот.

А, титулата ја брани Италија, која пред три години на Вембли во Лондон ја победи Англија и тоа по подоброто изведување на пенали. Но, Азурите според букмејкерите, се дури шести на листата на репрезентации со најголеми шанси за конечен успех.

Англичаните сега се главен фаворит за трофејот. Затоа и најскапо платениот селектор на ЕП, Герет Бејл, најави оставка доколку „Гордиот Албион“ не го освои трофејот.

Веднаш зад нив се Французите кои имаат фантастичен тим предводен од новиот играч на Реал Мадрид, Килијан Мбапе.

Во потесната група на фаворити е и Германија која секако ќе ја има предноста на домашниот терен и поддршката од навивачите.

Кристијано Роналдо ќе ја предводи Португалија која посакува повторување на 2016-тата година, кога „Морепловците“ стигнаа до титулата.

Кругот на фаворити го заокружува Шпанија со подмладен тим, но и неколкумина исклучително искусни фудбалери.

Белгија, Холандија и пред се Хрватска, трето пласираната од последното СП во Катар, секако ќе сакаат да им ги „помрсат“ сметките на горе споменатите.

Дебитантите Грузија, Албанија, но и селекцијата на Словачка, се со најмали шанси за успех. Нивна цел првенствено ќе биде минувањето на групата.

Шампионатот ќе се игра во 10 град и исто толку стадиони. Ќе почне утревечер (21 часот) во Минхен, додека финалето е закажано за 14 јули на „Олимпискиот стадион“ во Берлин.

Copy of EURO 2024 – ТИМОВИ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА