Скопски Вардар остана без најдобриот свој фудбалер во минатогодишната сезона, Дарко Глишиќ. Имено искусниот лев бек црвено-црниот дрес на Вардар ќе го замени со сино-белиот на Гостивар.
Информацијата ја потврдија двата клуба, едните (вардарци) заблагодарувајќи ми се, а другите гостиварци посакувајќи му добредојде. Глишиќ во кариерата настапуваше и за Шкупи, Тетекс, Напредок, Докса, Динамо Тбилиси.
Од екипата на Гостивар се пофалија и со ангажман на искусниот 30-годишен, Мевлан Мурати кој доаѓа од Работнички.