Бостон Селтикс се на само една победа до 18-та титула во НБА лигата, a прва по пауза од 2008 година.

Ова откако Бостон славеше на гостувањето кај Далас со 106-99 и поведе со 3-0 во големото финале.

По израмнетото прво полувреме кое Селтикс го добија со само поен разлика (50-51), во второто двата тима одиграа по еден одличен период. Гостите го добија третиот, а на почетокот на четвртиот имаа и 22 поени разлика.

Далас се врати со серија од 22:2, на поен негатива на три и пол минути пред крајот. Сепак 30 секунди подоцна Лука Дончиќ го заработи шестиот фаул и тука беше јасно дека Маверикси немаат сили за комплетен пресврт.

Џејсон Тејтум беше прв стрелец кај победникот со 31 поен, а Џејлен Браун постигна еден помалку (30). Бадијала останаа 35-те поени на Кајри Ирвинг и 27-те на Лука Дончиќ додаде 27 поени.

Далас сега има невозможна мисија бидејќи досега ниту еден тим не успал да ја надополни негативата од 0-3.

Следниот натпревар повторно се игра во Далас во сабота од 02.30 часото.