По настапите во зонските квалификации за ЕП, македонските кадетки ќе играат на Балканското првенство за одбојкарки до 18 години во Тирана.
На шампионатот ќе учествуваат осум репрезентации, а македонскиот национален состав ќе игра во групата „А“ со домаќинот Албанија, со Романија и со Бугарија. Во другата група се Турција, Србија, Црна Гора и Молдавија. Првите две селекции ќе обезбедат полуфинале, третопласираните ќе играат за 5-то, а последните за 7-то место во конечното рангирање.
Селекторот Александар Митев повика 18 одбојкарки родени 2007-ма и помлади, тренинзите веќе трет ден се одвиваат во Струмица, а в понеделник репрезентативките ќе патуваат за Тирана.
На списокот на Митев се девојките коишто играа во јануарските евро-квалификации во Софија и на априлските во Врњачка Бања што значи дека за оваа генерација сегашната акција е трета годинава.
Репрезентација на Македонија (кадетки):
Мартина Азманова (Наковски волеј), Викторија Трајкова (Наковски волеј), Ивана Милева (Наковски волеј), Матеа Сотировска (Газели волеј), Зофија Георгиевска (Газели волеј), Јована Каленикова (Газели волеј), Ева Ристовска (Бами Кор), Матеа Петровска (Бами Кор), Ирена Узунова (Бами Кор), Билјана Јаковлевска (Пелистер волеј), Лиле Лозановска (Пелистер волеј), Анастасија Ристевска (Пелистер волеј), Ана Ѓорѓиевска (Вардар ЕМ), Елена Трајковска (Вардар ЕМ), Симона Наковска (Јанта волеј), Ива Илиева (Јанта волеј), Стефанија Кипријановска (Младост УГД), Андротеа Милевска (Работнички Скопје).
Распоред на натпревари
Балканско првенство „A“ група
1.коло (вторник, 18.06.2024)
15.30 Бугарија – Романија
20.30 Албанија – МАКЕДОНИЈА
2.коло (среда, 19.06.2024)
15.30 МАКЕДОНИЈА – Романија
20.30 Албанија – Бугарија
3.коло (четврток, 20.06.2024)
15.30 МАКЕДОНИЈА – Бугарија
20.30 Романија – Албанија