Фудбалерите на Португалија ја совладаа Република Ирска со 3:0 на последниот тест пред настапот на Европското првенство кое почнува в петок, а домаќин е Германија.
Португалците особено се радуваат на двата гола на капитенот Кристијано Роналдо, кој покажа дека е подготвен за најголемата сцена.
Домаќините поведоа во 18.минута со голот на Жоао Феликс на асистенција на Бруно Фернандеш.
По пет минути игра во вториот дел Роналдо со прекрасен гол зголеми на 2:0 .
Десет минути подоцна повторно Роналдо. Капитенот на Португалците уште еднаш ја затресе мрежата на Ирска и стигна до 130-тиот гол во репрезентативниот дрес.
Денеска славеше Украина, која исто така ќе биде и учесник на Европското првенство. Украинците ја совладаа Молдавија со 4:0.
Головите за Украинците ги постигнаа Роман Јаремчук, Виктор Циганков, Артем Довбик и Георгиј Судаков.