Бостон си ја заврши работата на својот паркет и поведе со 2-0 во финалната серија против Далас. Во вториот натпревар Селтикси победија со 105:98. Маверикс беа поконкурентни и поблиску до Селтикси во оваа отколку во првата средба, но не доволно да направарт брејк.
Селтикси и на овој меч ја имаа контролата, иако одличниот Лука Дончиќ во финишот на мечот успеа да го приближи Далас и да намали негативата. Сепак Словенецот не можеше се сам па неговиот троен ефект беше залуден.
Дончиќ натпреварот го заврши со 32 поени на пои додаде по 11 скока и асистенции.
а Пи Џеј Вашингтон 17 поени со седум скока. Во победничката екипа прв стрелец сега беше Дрју Холидеј 26 поени и 11 скока. Двоцифрени беа и Браун со 21, а Тејтум и Вашингдон постигнаа по 18, додека Порзингис 11 поени.
Сега серијата се сели со два натпревари во Далас, а следниот е закажан за четврток во 02.30 часот.