По завршувањето на Ролан Гарос има бројни промени на АТП ранг-листата. Нов број еден во светот е Јаник Синер.
Иако Италијанецот, беше елиминиран во полуфиналето, сепак ја искористи повредата на Новак Ѓокович кој се повлече од турнирот.
Србинот кој на првата позиција помина рекордни 428 недели, сега е третото рагиран. За тоа пак се погрижи Карлос Алкараз кој триумфираше во Париз, а на патот до трофејот го совлада и Синер.
Финалистот Александер Зверев сега е четврти на сметка на Данил Медведев.
Нема промени од петтото до осмото место, а во ТОП 10-те најдобри сега влезе Алекс Де Минаур кој сега е деветто рангиран на листата.
АТП рангирање, 10 јуни:
1.(2) Јаник Синер (Италија) 9.525
2.(3) Карлос Алкараз (Шпанија) 8.580
3.(1) Новак Ѓоковиќ (Србија) 8.360
4.(4) Александар Зверев (Германија) 8856.
5.(5) Данил Медведев (Русија) 6.485
6.(6) Андреј Рубљов (Русија) 4.710
7.(7) Каспер Руд (Норвешка) 4.025
8.(8) Хуберт Хуркач (Полска) 3.995
9. (11) Алекс Де Минаур (Австралија) 3.845
10.(10) Григор Димитров (Бугарија) 3.775