Џорџ Расел ќе ја има пол-позицијата на утрешната трка за големата награда на Канада во Ф1 шампионатот.
Возачот на Мерцедес, постигна најбрзо време во квалификациите со резултат 1:12.000 минути. Тоа беше идентично време како и она на актуелниот шампон Макс Верстапен.
Сепак пропозициите се јасни, Британецот прв го постави тоа време, па утре ќе биде прв на стартот на трката.
Од вториот стартен ред трката ќе ја почнат двата болиди на Мекларен и тоа Ландо Норис како трет, а Оскар Пјастри како четврти.
Стартот на канадското Гранд-при е утревечер од 22 часот.