Ракометарите на Радовиш успеаја да изборат пласман во Супер лигата за следната сезона откако во баражот попладнево го победија Еурофарм Пелистер 2 со 27:26 (9:14) во драматична завршница. Победникот беше решен со гол од слободен удар (9 метри) по истекот на времето, а стрелец на победничкиот гол беше Здравко Постолов.

Бараж дуелот се играше на неутрален терен во салата во Автокоманда во Скопје, а суперлигашот од оваа сезона Е.Пелистер 2 подобро го почна натпреварот и на полувреме водеше со 14:9. Сепак прволигашот Радовиш не се предаде и постепено ја намалуваше предноста на ривалот. На 2,5 минути пред крајот Е.Пелистер водеше со 25:23, но имаше играч помалку. Радовишани ја кзанија играта со празен гол на битолчани и поведоа со 26:25. Сепак Е.Пелистер преку Калајџиоски со удар од седум метри изедначија на 26:26, а до крајот останаа 15 секунди. По направениот фаул беше досуден удар од 9 метри, а Постолов биеше прецизно за голема радост за екипата на Радовиш.

Постолов со осум голови беше најефикасниот на дуелот.

Екипата на Е.Пелистер најави жалба во записникот за последниот гол. Сметаат дека е нерегуларен односно постигнат со скок.