Хрватската репрезентација победнички ќе го дочека стартот на Европскиот шампионат во Германија. Откако славеа над Македонија со 3-0, Хрватите и во вториот подготвителен натпревар забележаа победа.
На гостувањето во Лисабон, Хрватска ја совлада Португалија со 2-1.
Лука Модриќ уште во осмата минута, од пенал и донесе предност на Хрватска од 1-0. Тоа беше и актуелниот резултат по првиот дел.
Во вториот, по само три минути игра (48) Диого Жота израмни на 1-1.
Триумфот на „Коцкестите“ им го донесе фудбалерот на шпанската Осасуна, Анте Будимир со голот во 56-тата минута.
Хрватска ја очекува тешка битка на ЕУРО и тоа уште во групната фаза. Во неа Хрватите за противници ќе ги имаат Шпанците со кои го отвораат првенството, по што ќе следи дуелот со Албанија. Во последното коло од „групата на смртта“, Хрватска ќе игра со актуелниот европски првак Италија.
Португалија пак ќе отворат со Чешка која утре ќе тестира со Македонија. Во групата Ф се уште и селекциите на Турција и дебитантот Грузија.