Летната пауза во лигите многумина кошаркари, особено помладите, ја користат да одиграат „баскет партија“. Но, периодот ширум државата ќе бидат организирани бројни 3-на-3 натпревари.
Таков е денешниот насловен „SlamJam Bakset 3х3“ што ќе се одржи во скопската Општина Аеродром.
На турнирот поддржан од Општината, што ќе се игра на теренот зад ТЦ „Три Бисери, Патрик“, ќе учествуваат играчи до 20 годишна возраст.
Покрај стандардните „баскет“ натпревари за прв пат ќе има и натпревар во забивање и во шут за три поена.
„Првенствено очекуваме, голема забава за која ќе се погрижат и диџеите кои ќе бидат присутни.
Љубителите на овој спорт ќе може да следат интересни дуели, многу ривалства.
Ова е и добра можност и начин за оние млади кошаркари кои активно се бават со овој спорт, да ја одржуваат формата во летниот период.Се ќе биде во знакот натпреварувачкиот дух и забавата“, изјави Никола Поповиќ еден од главните иницијатори на овој настан.
Турнирот ќе се игра во еден ден, предвидено е да трае од 17 до 23 часот.
Организаторите упатуваат покана до сите љубители на „баскетот“ но и добрата забава да дојдат и да се дружат со учесниците.