Во Рим денеска стартуваше Европското првенство во атлетика, на кое Македонија отпатува со двајца свои претставници.
Андреас Трајковски веќе го заврши својот настап. Тој настапи во квалификациите во скок во далечина.
Андреас заврши на 22-то место во конкуренција на 29-мина атлетичари колку што настапија во оваа дисциплина.
Македонскиот репрезентативец, во третиот обид, доскокна до границата од 7.73 метри. Тој е македонски рекордер со скок од 7.91 метар поставен лани во Инеринген.
Покрај Андреас, Макеоднија ќе ја претставува и Дарио Ивановски. Тој ќе настапи на полумаратонската трка закажана за во недела (9 јуни) со почеток во 9:00 часот.