Во италијанската престолнина, Рим, од денеска до 12 Јуни ќе се одржува Европското првенство во атлетика.

За најдобрите европски атлетичари, ова ќе биде своевидно „загревање“ за Олимпијадата во Париз.

Македонија за прв пат ќе има двајца свои претставници.

Андреас Трајковски ќе настапи прв и тоа денеска во квалификациите во скок во далечина. Ова ќе биде негово прво учество на Европско првенство за сениори. Андреас обезбеди настап преку ранкинг системот на Европска атлетика, каде го заведе 25-то место, а првите 30 од таа ранглиста обезбедија пласман во Рим.

„Утре ќе дадам се од себе гордо да ја претставам Македонија”,

изјави Андреас пред настапот.

Стартот на квалификациите во скок во далечина е закажан за 12.55 часот.

Покрај Андреас, нашата земја на Европскиот шампионат ќе ја преставува и Дарио Ивановски. Тој ќе настапи на полумаратонската трка на закажана за во недела (9 јуни) со почеток во 9:00 часот.