Секторот ма машката младинска ракометна репрезентација на Македонија, Радослав Стојановиќ го објави првиот список на ракометари за Европското првенство.
Репрезентацијата на Македонија до 20 години ќе настапи на континенталниот шампионат, што ќе се одржува од 10 до 21 јули во Словенија.
На првиот, поширок список на Стојановиќ се дури 35 мина ракометари, од кои само тројца интернационалци.
Македонските младинци ќе играат во „А“ групата во која за противници ќе ги имаат врсниците од Хрватска, Црна Гора и Австрија.