Женската фудбалска репрезентација на Македонија, попладнево ќе го игра четвртиот натпревар во квалификациите за ЕП 2025-година во Швајцарија.

Во рамките на Ц конкуренцијата, а во втората група, Македонија и гостува на Молдавија.

Двете репрезентации пред само четири дена одиграа меѓусебен дуел во Скопје, а заврши без победник со по еден постигнат гол.

Македонските фудбалерки се на втората позиција на табелата со четири бодови, пет помалку од лидерот Словенија, а еден повеќе од Летонија. Селекцијата на Молдавија е последна со само едниот освоен бод против нашата селекција.

Денешниот натпревар меѓу Молдавија и Македонија ќе се игра во Зимбро, со почеток од 18 часот.

Натпреварот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ .