Летово е богато со спортски настани. Како увертира на најголемиот Олимпијадата во Париз, во Рим ќе се одржува Европскиот шампионат во атлетика.
Италијанската престолнина, од 7 до 12 Јуни ќе биде домаќин на најдобрите европски атлетичари, кои ќе се „загреваат“ за Олимпијадата.
Ова ќе биде „историско“ првенство за македонската атлетика, бидејќи за прв пат ќе имаме двајца натпреварувачи со исполнета норма.
Дарио Ивановски ќе настапи во дисциплината полумаратон, со претходно остварена норма на маратонот во Севиља со време од 2:08.26 час.
Андреас Трајковски ќе настапи во неговата дисциплина скок во далечина, обезбедувајќи норма преку ранкинг системот.
Прв на програмата ќе настапи Андреас во квалификациите кои се во петок (7 Јуни) со почеток во 12:55 часот.
Полумаратонската трка каде ќе настапи Дарио, е закажана за во недела (9 јуни) со почеток во 9:00 часот.