Светскиот рекет број 1 и актуелен шампон на Роланд Гарос, Новак Ѓоковиќ одигра уште еден епски меч.
Тој за пласман во осминафиналето играче 4 часа и 32 минути против Италијанецот, Лоренцо Музети кого го совлада со 3:2.
За Новак тоа не е нешто ново, тој многу пати играл вакви маратонски мечеви, но она што го одбележа мечот е времето на одигрување.
Поради дождот во Париз, променетиот распоред и времетраењето на натпреварите, мечот меѓу Ѓоковиќ и Музети започна во 22:37 часот. Организаторите решија тој да не одложува и прекинува па заврши во 3:07 часот по полноќ.
Ѓоковиќ го доби мечот со 7:5, 6:7, 2:6, 6:3 и 6:0.
Србинот во осминафиналето ќе игра против 23. носител Аргентинецот, Франсиско Серундоло. Мечот е закажан за утре.