На терените на ФФМ од денеска до понеделник (1-3 јуни) ќе се одржува финалниот турнир во Детска Лига за сезона 2023/2024.
Почнувајќи од утринава во 10 часот, па се до понеделник во 19 часот на ФФМ тренинг центарот учество ќе земат најуспешните 96 екипи од цела Македонија.
Тимовите се поделени во 6 натпреварувачки категории (родени од 2011 до 2016 година).
Ова е само завршница на годинешното издание на лигата во која учествуваа 149 клубови, со 649 екипи со над 10000 млади фудбалери. Тие изминатиот период се натпреваруваа секоја недела во рамките на своите региони.
Во продолжение можете да го погледнете распоредот за финалните турнири.