Јуниорската женска репрезентација на Македонија, претстојното лето ќе земе учество на Европското првенство за кошаркарки до 18 години Дивизија Б.
Кошаркарките, предводени од селекторот Горан Крстевски ќе настапат на континенталниот собиршто ќе се одржи во Романија од 2-11 август.
Селекторот одлучи да повика поголем број на кошаркарки, кои ќе се борат за место во финалниот „ростер“ и за националниот дрес.
Првиот селективен тренинг е закажан за 9. јуни (недела) со почеток во 17:00 часот, СРЦ Кале (голема сала).
На списокот на селекторот се дури 40 кошаркарки (СПИСОК НА ПОВИКАНИ)