Македонскиот рекордер во скок во далечина Андреас Трајковски ќе биде дел од македонскиот национален тим на Европското првенство во Рим што ќе се одржува од 7-12.јуни.
За Трајковски ова ќе биде дебитатски настап на Европско првенство за сениори, иако тој има веќе неколку учества во младинските категории.
Квалификациите во дисциплината скок во далечина ќе се одржат првиот ден на првенството на 7.јуни со почеток во 12:55 часот, а натпреварувачите ќе бидат поделени во две групи.