Екипата на Минесота ја продолжува финалната серија на западот во НБА плејофот против Далас. Далас не ја искористи првата „меч топка“ за влез во големото финале. Ова откако Маверикс загуби од Минесота со 100-105, па сега резултатот е 3:1 во победи.

Уште еден неизвесен натпревар одиграа овие два тима. Гостите од Минесота беа оние кои во поголемиот дел од натпреварот беа во предност.

Карл Ентони Таунс, кој во последната четвртина реализира три тројки беше клучниот играч во победат ана Минесота. Тој натпреварот го заврши со 29 поени 10 скока и 9 асистенции.

Така трипл-даблот на Лука Дончиќ со 28 поени, 15 скока и десет асистенции, останаа бадијала.

Следниот натпревар ќе се игра во Минесота во петок наутро од 2.30 часот.

Исходот од оваа „пресметка“ го чекаат кошаркарите на Бостон кои веќе обезбедија место во големото финале.