По ждрепката за ракометниот Мундијал 2025-година селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров со прв коментар.

Македонија на СП ќе игра во групата Д против Унгарија, Холандија и Гвинеја, а Лазаров вели дека е задоволен со добиените противници.

„Од прв и втор шешир добивме доста квалитетни репрезентации.

Секако дека можеше да добиеме уште поквалитетни противници, но треба да бидеме задоволни пред се со фактот дека ќе играме во Хрватска/Вараждин и ќе имаме огромна поддршка од нашите верни навивачи.

Сите имаме добри спомени од Вараждин и се надевам дека повторно ќе биде така.

Имаме доста време да се подготвиме квалитетно за Светското Првенство“, изјави Лазаров. 

Шампионатот ќе се игра од 14 јануари до 2 февруари 2025 година.