Репрезентациите на Хрватска и Чешка кои летово ќе играат на ЕУРО 2024, ќе бидат одличен тест за Македонија.
Ова меѓу останатото го вели голгетерот на Македонија и Абердин, Бојан Миовски.
Штипјанецот смета дека тоа е можност да се провери на кое ниво е нашата селекција. Миовски потсетува дека Македонија секогаш знаела да одигра најдобро против посилни селекции.
Хрватска е исклучителна репрезентација, секогаш во врвот на големите натпреварувања.
Одличен тест за нас да видиме на кое ниво сме, знаеме дека секогаш играме одлично против големи селекции и се надевам дека така ќе биде и овој пат.
Ќе ни недостасува капитенот Барди, но во средниот ред имаме одлични млади фудбалери, ова е одличен тест и за нив”,
изјави Миовски
Македонија двата натпревари ќе ги игра на гостински терен. Во Ријека на 3 јуни против Хрватска и седум дена подоцна (10 јуни) против Чешка.