Македонија летово ќе биде домаќин на Светското првенство за ракометарки до 20 години.
Стручниот штаб и селекторот Дарко Јанев го објави списокот на ракометарки кои се повикани пристојниот Мундијал.
На списокот на Јанев, се 20 ракометарки меѓу кои и неколку интернационалки. Но селекторот дополнително ги повика и Ева Ѓорѓиевска од Илинден Вардар и Исидора Котевска од Металург Автокоманда.
Шампионатот ќе се одржи во периодот од 19 до 30 јуни во Скопје, а Македонија ќе игра во групата Х против репрезентациите Ангола, САД и Исланд.