Екипата на Бостон Селтикс ја потврди фаворитската улога во Источната конференција на НБА лигата. Откако беа најдобри во лигашкиот дел Селтикси тоа го потврдија и во плејофот.

Тимот на Бостон ја осигура титулата на истокот.

Ова откако Бостон повторно ја совлада Индијана со 105-102 и со чисти 4:0 во победи ја доби финалната серија. За Селтикси тоа беше 12-та победа во 14-те одиграни натпревари во плејофот.

Селтикси до победата ги предводеа Џејлен Браун со 29 поени и шест скока и Џејсон Тејтум со 26 поени, 13 скока и осум асистенции.

Тие сега ќе го чекаат исходот од вечерашниот дуел меѓу Далас и Индијана во кој домаќините влегуваат со предност од 3:0. Доколку Маверикс слават тие ќе бидат вториот тим во големото финале.