Фудбалската репрезентација на Македонија, се собра во хотелот „Хилтон“ во Скопје, за претстојните два контролни натпревари си Хрватска и Чешка.

Селекторот Благоја Милевски ја направи првата „прозивка“ на 27-мината фудбаери кои се најдоа не неговиот список за овие натпревари.

Од повиканите, неизвесен е настапот на капитенот Енис Барди, а од поодамна познато е дека и Дарко Велковски „влече“ повреда.

Тоа е истиот тим што во Анталија одигра два контролни натпревари.

Мини подготовките ќе се одвиваат во базата на ФФМ во Скопје, пред заминувањето за Ријека, каде на 3 јуни ќе се игра натпреварот со Хрватска.

Седум дена подоцна (10 јуни) ќе следува гостувањето кај Чешка.