Најдобрата македонска фудбалска селекција на почетокот на следниот месец ќе одигра два контролни натпревари. Противници ќе бидат учесниците на Европскиот шампонот Хрватска и Чешка против кои „рисовите“ ќе играат н а гостински терен.
Селекторот Благоја Милевски точно на пладне ќе ја направи прозивката на играчите кои се на неговиот список.
Од оние 27-мина колку се повикани, ќе недостасува капитенот Енис Барди.
Имено според информациите на турските медиум, Барди се здобил со повреда на рамото на последниот натпревар со својот тим Трабзонспор. Имено, според информациите се работи за повреда на рамото, поради која ќе биде неопходно мирување најмалку две недели. Барди ќе допатува во Скопје на репрезентативниот собир каде ќе биде и утврдено дали ќе може да му помогне на националниот тим.
Првата контрола, македонските фудбалери ќе ја имаат во Ријека на 3 јуни против Хрватска. Седум дена подоцна (10 јуни) во Храдец Кралове ќе се игра натпреварот против Чешка.
Овие натпревари за македонската селекција ќе бидат подготовки за новиот циклус дуели во Лигата на нациите што ќе почлнат во септември.