Попладнево во Струмица ќе се одигра последниот натпревар за сезоната 2023/24 во мак-фудбалот. По него ќе ја дознаеме која екипа ќе биде дел од Првата македонска фудбалска лига наредната сезона.

За тоа место ќе се борат најтрофејниот македонски колектив Вардар и радовишката екипа Детеонит Плачковица.

Натпреварот што е од големо значење за двете екипи ќе се игра на стадионот „Благоја Истатов“. Вардарци од вчера се таму и одработија еден тренинг, како и дел од нивната навивачка „армија“ популарните „Комити“.

Од друга страна, за радовишката екипа, Детонит Плачковица, како самите најавија, ова е историски ден. Радовишани за прв пат бркаат пласман во прволигашкото друштво.

Улогата на фаворит секако ја има скопскиот тим, а од таборот на црвено-црните најавуваат дека истата и ќе ја потврдат со победа.

Кој ќе биде последниот патник во Првата лига, ќе дознаеме по натпреварот што ќе започне во терминот од 17 часот.