Актуелниот шампион на Мото ГП првенството, Италијанецот, Пеко Бањаја славеше на 6-тата трка што се возеше во Шпанија за ГН на Каталонија.
Бањаја најдобро се снајде на трката и уште еднаш покажа зошто е првак. Еспаргаро стартуваше како прв и брзо беше престигнат од Бањаја.
Потоа Бањаја тргна по местата на Акоста и Хорхе Мартин. Дебитантот не успеа да го издржи притисокот, направи грешка и ја заврши трката, па Бањаја тргна по Мартин.
Успеа да го престигне на шест круга до крајот, а потоа со речиси две секунди предност како прв ја мина целта пред Мартин.
Трет заврши Марк Маркез, кој од 14-тото место стигна до третото место и до подиумот.
Најдобрата десетка ја комплетираат Алеиш Еспаргаро, Џанантонио, Фернандез, Алекс Маркез, Биндер, Квартараро и Оливеира.
Мартин остана лидер во пласманот кај возачите со 155 бода, но сега Бањаја е втор со 116, а трет е Марк Маркез со 114 бода.
Следната трка се вози веќе следната недела каде на програмата е 7-та трка во шампионатот во Италија на трката во Муџело.