Екипите на Реал Мадрид и Панатинаикос вечерва во Берлин ќе се борат за шампионскиот трофеј во кошаркарската Евролига.
Актуелниот првак Реал ќе го игра своето 21-во финале во кое ќе се обиде да стигне до 12-тиот шампионски трофеј.
Реал минатата година на завршницата во Каунас, го доби Олимпијакос благодарение на Серхио Љуљ и неговата тројка на 3,2 секунди до крајот. Тимот од Мадрид сезонава покажа најмногу, беше константен и заврши како прво рангиран во лигашкиот дел. Во разигрувањето Реал има максимални четири победи на исто толку одиграни натпревари.
На патот на „Кралевите“ до нов трофеј, повторно им стои уште еден грчки тим. Панатинаикос имаше тешка четвртфинална рунда, за во полуфиналето да го демолира Фенербахче.
За „детелините„ од Атина вечерашното ќе биде осмо финале, во клупската историја, а прво по 12 години. Во него избраниците на Атаман, кој знае како се освојува трофејот во Евролигата, кошаркарите ќе атакува на седмиот шампионски трофеј за ПАО.
Финалниот натпревар ќе се игра утре од 20 часот.
Претходно од 17 часот во денот за 3.место ќе играат Олимпијакос и Фенербахче.