Во Кавадарци викендов се одржа првиот меѓународен кошаркарски турнир во Македонија, за лица со телесен инвалидитет. На Турнирот се натпреваруваа репрезентацијата на Македонија и екипи Србија и Грција.
Организацијата на турнирот која припадна на Општина Кавадарци беше одлична, а учесниците беа презадоволни од условите и третманот што го добија. Турнирот беше можност да се промовира спортот за лицата со телесен инвалидитет во нашата земја и да се поттикне нивната вклученоста во општеството.
Сите учесници изразија желба да ја продолжат оваа традиција и во иднина, а турнирот да стане традиционален. Тоа беше можност да се покаже дека спортот нема граници и дека е важно да се даде поддршка и можност на сите лица со инвалидитет. Турнир е голем чекор кон промовирање на инклузијата и подигање на свеста за нивните потреби.
Организаторите најавија дека ќе се обидат ваквите настани да станат редовна традиција во Кавадарци. Воедно тие ќе работат на проширување на ваквите иницијативи и соработка со други земји.
РЕЗУЛТАТИ
ККК НАИС НИШ- ПАНСЕРАИКОС 55-36
РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА – ПАНСЕРАИКОС , СЕРЕС 38-47
РЕПРЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА – ККК НАИС НИШ 27-46
Нашата екипа го освои 3 место. но не разочара со својата игра . Огромен е нашиот напредок од првиот турнир, дури го имаме и најдобриот стрелец на турнирот Ибрахим Оџа кои иако има само 14 год постигна на двата натпревари 34 поени.