Шарл Леклер од тимот на Ферари стигна до пол позицијата на трката во Монако за ГН на Монте Карло.
Конечно на осмата трка во Ф1 првенството некој друг освои пол позицијата освен Мак Верстапен кој до сега ги освои сите седум.
Леклер одлично извозе на свој терен на својата домашна трка стигна до 24-тата пол позицијата во кариерата.
Веднаш до него ќе биде Оскар Пиастри од тимот на Мекларен кој имаше послабо време од Леклер за 0,154 секунди и на третото место се пласираше Саинц од Ферари со 0,248 секунди послабо време.
Тотално разочараа лидерот и шампионот Макс Верстапен кој утре ќе стартува од 6-тата позицијата, Перез не ги мина првите квалификации и заврши на 18-тото место, а Алонсо на 16-тото место.
Четвртти заврши Норис, петти Расел па следуваат Верстапен, Хамилтон, Цунода, Албон и Гасли.
Трката за ГН на Монте Карло во Монако се вози утре од 15.часот