Актуелниот шампион Реал Мадрид ќе го брани трофејот во кошаркарската Евролига. Ова е епилогот по вториот одигран полуфинален натпревар, на завршниот „фајнал-фор“ турнир што е одржува во Берлин.
Во него, а во реприза на ланското финале, Реал сега го декласира грчкиот Олимпијакос совладувајќи го со 87-76.
„Кралевите“ триумфот го најавија уште во првата четвртина што ја добија со 18 разлика (28-10). Имаше шампонот и најголеми +25 во вториот период, а на одмор замина со 19 поени предност (56-37).
Иако во второто полувреме кошаркарите на Олимпијакос намалија на девет поени поени негатива, сепак немаа сили да направат комплетен пресврт. На крајот Реал победи со конечни 87-76.
Така Реал се пласира во своето 21-во финале во кое ќе се обиде да стигне до 12-тиот шампионски трофеј.
На патот на „Кралевите“ ќе им застане уште еден грчки тим, Панатинаикос кој во првото полуфинале го надигра Фенербахче.