Најквалитетното европско клупско кошаркарско натпреварување, Евролига, дога до самиот крај.

На програмата е завршниот „фајнал-фор“ турнир на кој четирите најдобри екипи ќе се бранат за шампионскиот трофеј.

Во арена „Убер“ во Берлин, која е со капацитет 14.550 гледачи, денеска ќе се играат полуфиналните натпревари, а во недела дуелите за конечниот поредок, односно 3.место и финале.

Титулата ја брани Реал Мадрид кој за противник во полуфиналето ќе го има Олимпијакос. Овој натпревар ќе се игра во вечерниот термин од 21 часот.

Претходно, од 18 часот во првото полуфинале, ќе играат вториот грчки тим Панатинаикос ќе се „судри“ со турски ривал Фенербахче.

Натпреварите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк) само преку Мozilla firefox пребарувач.