Ракометарките на Ѓорче Петров со победа над Астибо (43:19), го прославија освојувањето на новата шампионска титула.
„Лавиците“ од Ѓорче го одиграа последниот натпревар сезонава пред своите навивачи со кои го прославија третиот во низа шампионски трофеј.
Ѓорчепетровки доминантно стигнаа до новиот трофеј без загубен меч. На коло до тие имаат 24 победи на 25-те одиграни, а имаа само едно „реми„ против Металург Автокоманда.
Сезоната која ја завршуваат со два пехари (го освоија и Купот на Македонија) ќе ја заокружат со гостувањето кај Вардар.
ФОТО: РФМ и Ѓорче Петров ЖРК